Одбојкарите на Борец извојуваа голема победа во дуелот со Шкендија со што велешани се изборија за трет решавачки натпревар во полуфиналето од плејофот.

Средбата во Велес започна одлично за гостите од Тетово кои го добија првиот сет со убедливи 25-13.

Но, домаќините тоа не ги поколеба. По голема борба следите два сета Борец ги реши во своја полза, вториот со 25-22, а третиот со 25-23, за водство од 2:1.
Сепак тоа не ги поколеба гостите кои одиграа одлично во четвртиот сет, па со резултат 25-17 го добија сетот за израмнување на 2:2.

Во решавачкиот гостите добро отворија, сепак велешкиот тим успеа да ја надополни негативата и да поведе, па дури и со малку среќа, но и повеќе храброст да го добие сетот со 15-12, за конечни 3:2 во сетови.

Мајсторката ќе се игра во четврток во Тетово, по што ќе се знае кој ќе го предизвика актуелниот првак Струмица Никоб во финалето.

Утре на програмата е вториот меч од женското полуфинале меѓу Фит фан волеј и Работнички во кој актуелните шампионки (Работнички) ќе влезат со предност од 1-0 во победи.

Потсетување, дека мајсторка ќе се игра и на полуфиналниот меч меѓу Јанта волеј и Наковски волеј.