Во одбојкарскиот шампионат на Македонија беа одиграни три натпревари.

Актуелниот шампион во машка конкуренција Струмица Никоб е првиот тим што обезбеди пласман во финалето. Струмичани и во вториот полуфинален меч ја совладаа екипата на Работнички (3-1) и со 2:0 во победи се изборија за ново финале во кое ќе играат со подобриот од дуелот ГОК Борец Шкендија.

Во женска конкуренција. Во Струмица се одигра реваншот меѓу Наковски волеј и Јанта волеј во кој домаќинките беа убедливи и не му дозволија на противникот да добие ниту еден сет, па струмичанки се изборија за мајсторка.

Интересно беше и во бараж средбата за опстанок во елитната конкуренција Откако го загубија првиот меч во Битола со 3:2 , одбојкарките на Вардар ЕМ пред својата публика славеа убедлива победа над Пелистер со 3:0 (25:10; 25:23; 25:19) и се избори настап и следната сезона во Првата лига.

Битолчанки го добија првиот меч со 3:2 во сетови и се во блага предност. Доколку вардарки славата победа со ист резултат (3:2), тогаш „златниот сет“ ќе решава за победникот.

Одбојкарските возбудувања продолжуваат утре и задутре кога ќе се одиграат реванш дуелите меѓу ГОК Борец и Шкендија (понеделник 19 часот), односно Фит Фан волеј и Работички (вторник 17:30 часот).