Фудбалерите на Ливерпул се спасија во пораз во дербито на колото со Арсенал откако Роберто Боби Фирмино постигна гол за изедначување на 2:2 во 87.минута. Ова за Фирмино беше 11.ти гол на 15.тиот натпревар против Арсенал.
Инаку, гостите од Лондон поведоа со 2:0 со головите на Бразилците, Мартинели (8.минута) и Жесус (28.минута). Еден од клучните моменти на дуелот беше 41.минута кога поради меѓусебно „кошкање“ меѓу Алексландер Арлнд (Ливерпул) и Џака (Арсенал) двајцата добија жолти картони, но од тој момент како да се „разбудија“ домашните играчи и веќе во следната минута Салах намали на 1:2.
Сепак, Ливерпул најдобрата шанса ја имаа во 52.минута кога имаа пенал, но Салах го промашни голот и тоа е за него втор промашен пенал во низа. Во продолжението Ливерпул имаше иницијатива, а најзрелата шанса ја имаше Дарвин Нуњез, но неговиот удар го одбрани Рамсдејл.
Нерешениот резултат е можеби најреален, Ливерпул веќе четири натпревари нема победа.
Арсенал остана на првото место со 73 бодови, пред Манчестер Сити со 67 и натпревар повеќе. По денешниот освоен бод Ливерпул со 44 бодови е на осмото место и со се помалку шанси за пласман во Лигата на шампионите.