Последната рунда во Втората машка кошаркарска лига, треба да реши кои ќе бидат последните три екипи што ќе се пласираат во четвртфиналето од плејофот.

Сигурни учесници во разигрувањето се: Вардар, Соколи, Работнички, Ангели и Куманово, додека за преостанатите три места битка ќе водат четири тима.

Во најповолна ситуација е екипата на Охрид која на домашен терен го превлекува веќе отпишаниот Баскет Кам.

Шкупи иако има победа помалку од конкурентите, сепак важи за фаворит во дуелот во Велес кај Борец баскет на кого оваа средба не му менува ништо.

Потешка задача ќе имаат Водно Санс и МЗТ Скопје У.Б. кои играат со Ангели кои се четврти, но чекаат пораз на Работнички во дербито со Соколи за да се искачат на третото место, додека аеродромци се среќаваат со прво пласираниот тим на табелата Вардар.

Во зависност од исходите на натпреварите, теоретски може да се случи и повеќе екипи да имаат ист број на бодови, па во таква ситуација ќе се направи „мини табела“ со нивните меѓусебни дуели, што ќе решава кој ќе игра во плејофот.

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22 коло
САБОТА
13.00 РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ
16.00 АНГЕЛИ – ВОДНО САНС
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ
НЕДЕЛА
13.00 ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО
14.00 ОХРИД – БАСКЕТ КАМ
17.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б