Пелистер и Кожув ја искористија предноста на домашниот терен и забележаа победи во првите два натпревари од претпоследното 21.коло во Првата машка кошаркарска лига.
Во дербито одиграно во Битола, Пелистер славеше победа во дуелот со ТФТ Моцарт (92-69) со што пелистерци ја потврдија позицијата број 2 пред стартот на плејофот,
Хаџифејзовиќ со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, за која Стајиќ придодаде 17, а Силаџи 16 поени, додека Костоски со 17, беше најефикасен кај гостите.
Екипата на Кожув и покрај победата над Гостивар (94-87) сепак ќе биде остане на осмо место на табелата. Американецот, Мерион Гордон беше убедливо најдобриот поединец на овој натпревар со 38 постигнати поени.
Утре на програмата се три средби од кои две се директни дуели на екипите кои во продолжението на сезоната ќе разигруваат за опстанок.
Поради настапот на МЗТ Скопје во регионалната АБА лига последниот меч ќе се игра во понеделник
КОШАРКА ПРВА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
САБОТА
КОЖУВ – ГОСТИВАР 94-87
ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ 92-69
НЕДЕЛА
18:00 КУМАНОВО – СТРУМИЦА
21:00 ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП
18:00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ (пренос на МРТ3)
ПОНЕДЕЛНИК
18:00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ