Денеска се одиграа два дерби натпреварите во германската Бундес лига, и тоа дуели за борба за првото место, на четирите првопласирани екипи.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ги добија средбите со Фрајбург и Унион Берлин.
Со евроголот на Де Лигт во 52 минута, Баерн минимално со 1-0 го победи Фрајбург, додека Борусија пред своите симпатизери во Дортмунд го победи Унион Берлин со 2-1. Мален го донесе првото водство на за домаќините во 28 минута, а гостите израмнија преку Бехренс во 61-та.
Херој за Дортмунд беше младиот Мукоко кој со соло акција ги згазна соништата на Унион Берлин за второ место во Бундеслигата.
Баерн е лидер со 58 бодови само два повеќе од Борусија Дортмунд (56), а Унион Берлин и Фрајбург останаа на третото и четвртото место со 51 односно 47 бодови