Екипите на Работнички Скопје во женска и Струмица Никоб во машка конкуренција кои се актуелни македонски шампиони, стартуваа со очекувани победи во полуфиналните дуели од одбојкарскиот плејоф.
Одбојкарките на Работнички го добија првиот меч против Фит фан волеј во женското полуфинале, за водство од 1:0 во победи во серијата подобар до два триумфи.
Иако мечот што се одигра попладнево во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, заврши во три сета, сепак тимот на Фит фан волеј се покажа како достоен противник. За тоа говори и резултатот по сетови, па во првиот и вториот сет, Фит фан волеј освои по 21 поен, а во третиот два помалку (19).
Првата „меч“ топка за влез во финалето шампионките ќе ја имаат претстојниот викенд.
Иста е ситуацијата и во машкото полуфинале број 2. Откако вчера во првото, Шкендија со 3:1 го доби ГОК Борец, денеска шампонот Струмица Никоб со ист резултат славеше против Работнички за водство од 1:0 во победи.
Во другите два полуфинални дуели, Јанта волеј ја искористи предноста на предноста на домашниот терен и го доби првиот меч против Наковски волеј со 3:0, додека Шкендија и велешки Борец одигра четири сета, по кои тетовци ја забележаа првата победа и тоа со 3:1.
Според претходно утврдениот календар, вторите натпревари предвидени се да се играат во сабота, исклучок мечот во Велес Вторите натпревар кој ќе се игра во понеделник.
Термините (сатницата) на одигрувањето на натпреварите треба дополнително да биде одредена.
РЕЗУЛТАТИ ПОЛУФИНАЛЕ (меч број 1)
ЖЕНИ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3:0 (1-0)
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (1-0)
МАЖИ
ШКЕДНИЈА – ГОК БОРЕЦ 3:1 (1-0)
СТРУМИЦА НИКОБ – РАБОТНИЧКИ 3-1 (1-0)