на домашната фудбалска сцена, денеска на програмата се натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија, по кои ќе ги дознаеме и двете екипи што ќе се борат за трофејот во ова натпреварување.

Минатогодишните финалисти, Македонија Ѓ.П. и Силекс ќе ја имаат улогата на гости во дуелите со Струга Т.Л. односно Шкендија.

Бранителот на титулата од лани екипата на Македонија ЃП за противник ја ја има тетовска Шкендија, додека лидерот на првенствената табела Струга Трим Лум ќе игра против повеќекратниот освојувач на трофејот и минатогодишен финалист Силекс.

Во оваа четворка, само стружани немаа играно финале, додека останатите три тима имаат вкупно 7 трофеи. Токму овие три екипи беа дел од финалињата во последните шест изданија (не се одржа 2020 поради Ковид пандемијата).

2015-16   Шкендија                 2–0                        Работнички
2016-17   Пелистер                   0-0 (4-3 пен.)         Шкендија
2017-18   Шкендија                3-0                          Пелистер
2018-19   Академија Пандев     2-2 (4-2 пен.)          Македонија Ѓорче Петров 1932
2019-20  
2020-21   Силекс                    0-0 (4-3 пен.)           Академија Пандев
2021-22   Македонија ЃП       0-0 (4-3 пен.)           Силекс

Двата денешни полуфинални натпревари ќе започнат во терминот од 15 часот.
СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

ОСВОЕНИ КУП ТИТУЛИ
5 ВАРДАР
4 РАБОТНИЧКИ
3 СИЛЕКС, СЛОГА ЈУГОМАГНАТ
2 МАКЕДОНИЈА ЃП, ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА, ТЕТЕКС
1 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, БАШКИМИ, ЦЕМЕНТАРНИЦА 55, МЕТАЛУРГ, ПОБЕДА, РЕНОВА

ОДИГРАНИ ФИНАЛИЊА
8 СЛОГА ЈУГОМАГНАТ
7 РАБОТНИЧКИ
6 ВАРДАР
5 ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА, СИЛЕКС
4 МАКЕДОНИЈА ЃП, ТЕТЕКС
3 ПОБЕДА
2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, ЦЕМЕНТАРНИЦА 55, МЕТАЛУРГ
1 БАШКИМИ, МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ, МИЛАНО, НАПРЕДОК, РЕНОВА