Одбојкарките на Јанта волеј полесно од очекуваното ја добија првата полуфинална пресметка од плејофот против Наковски волеј.
На средбата одиграна попладнево во Кисела Вода, домашните одбојкарки со максимални 3:0 славеа против струмичката екипа. Иако навидум првите два сета не го навестуваше тоа, а Јанта волеј го доби со 25-22 и 25-23, сепак тоа како да ја спласна надежта и желбата на гостинките дека може да се носат со вице-првакот.
Затоа домаќинките лесно и убедливо со 25-16 го добија и третиот сет за конечни 3:0 и водство од 1-0 во победи во серијата подобар до два.
Првата „меч“ топка за пласман во финалето Јанта волеј ќе ја има претстојниот викенд и тоа на теренот на противникот во Струмица.
Попладнево својот прв полуфинален меч го играат и актуелните шампионки одбојкарките на Работнички Скопје, кои за правнички го имаат тимот на Фит фан волеј.