Актуелниот светски шампион Макс Верстапен, најдобро се снајде во неверојатната трка што утринава се возеше во Мелбурн во формула 1 првенството, а за Големата награда на Австралија. 

Трката ја одбележаа бројните инциденти, судари, запален мотор, откажувања, а дури три пати беше прекинувана и рестартирана. 

Во таквиот хаос, возачот на Реад Бул, најдобро се снајде и стигна до својата втора овосезонска сезона, пред Луис Хамилтон на Марцедес и двата болиди на Астон Марти, односно Фернандо Алонсо и Ленс Строл. 

По три трки, во геренарлниот поредок лидер е Верстапен со 69 пред Серхио Перез кој денеска беше четврти, па сега има 54 бодови, а по тандемот на Ред Бул следуваат, Алонсо со 45 и Хамилтон со 38 бодови. 

Следната трка ќе се вози во Баку на 30 април кога на програмата е Гранд-прито на Азербејџан.