Некогашниот Светски шампион во тешка категорија Британецот, Ентони Јошуа забележа победа во борбата против Американецот, Џермејн Френклин.
На мечот што се одржа во Лондон, во „О2“ арената, Џошуа со едногласна одлука на судиите, на поени го победи американскиот боксер.
Сигурно дека ова не беше меч како што очекувавме, пред се од Џошуа, за кој првенствено оваа борба беше важна, пред се да ја врати самодовербата, по поразите кои ги доживеа од Руиз, а особено од Украинецот, Усук.
Можеби не доминираше, но сигурно беше подобар од противникот, кој и не се покажа во така лошо издание.
Но. Она што го одбележа овој дуел се случи по последното огласување на ѕвоното, односно по последната рунда. Џошуа очигледно исфрустриран дека не успеа да издоминира како што планирал, го удри противникот, а потоа во клинч двајцата завршија во јажињата. Најнапред притрчаа секундантите на Американецот, а потоа и оние од аголот на Британецот, но ситуацијата некако се смири и не ескалира во поголем инцидент.
По мечот Џошуа запрашан за неговите планови кратко изјави дека сака да повторно да го освои шампионскиот појас, па ја повика публиката да се изјасни против кого би требало да го направи тоа.
Нормално, Британците посакуваат, домашен дуел меѓу Џошуа и Тајсон Фјури. Ќе се случи ли тој одамна најавуван спектакл, времето ќе покаже.