Во воведниот натпревар од 250-тото колото на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот помеѓу Македонија ЃП и Работнички кој заврши со победа од 2-1 за домаќинот.

Работнички имаше повеќе шанси на натпреварот, но први погодија домаќините со гол на Есмин Личина постигнат во 24-тата минута.

И додека домаќините уште се радуваа, „Романтичарите“ вратија брзо со евро-голот на Атхе 21-годишниот Мазари кој со шут од далечина и го матираше домашниот голман.

Во вториот дел, актуелниот освојувач на Купот на Македонија не се откажа и стигна до вториот погодок. Во 74-минута, по корнерот од десната страна што го изведе Самаке, во шеснаесетникот на гостите најдобро се снајде Филип Алексовски и повторно му донесе предност на домашниот тим.

Со овој триумф и новите три бода, а вкупно 32 „лавовите“ од Ѓорче, остануваат на шестата позиција на табелата, додека Работнички е деветти со 24 бодови.

Утре на програмата со почеток од 15 часот ќе се играат другите четири натпревари.

САБОТА
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА
СТРУГА Т.Л. – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15 часот
ШКУПИ – СКОПЈЕ
ШКЕДИЈА – ПОБЕДА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
слободен СИЛЕКС