Трет пораз во низа за фудбалерите на Интер во Серија А, откако вечерва загубија на домашен терен од Фиорентина со 1:0, екипа која пак е во серија од 10 натпревари без пораз (9 победи и 1 нерешена).
„Неаѕурите“ први имаа шанса за гол во 49 минута, но Лукаку ја промаши топката и не ја затресе празната мрежа.
Таа грешка гостите ја искористија три минути подоцна кога одбиена топка Џакомо Бонавентура ја затресе мрежата на Онана и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Интер иако статистички беше подобар од противникот со повеќе шанси од Фиорентина, сепак не успеа да погоди во мрежата на „виолетовите“, при што резултатот остана 0:1.
Тимот на Инзаги е во очекувања на резултатот од натпреварот на Милан кој со евентуална победа против моменталниот лидер, Наполи (утре) ќе го симне од третата позиција „вечниот ривал“.
На првиот натпревар од 28.коло одигран денеска Кремонезе – Аталанта 1:3, а од 20:45 играат Јувентус – Верона.
Табела: Наполи 72 бода, Лацио 52, Интер 50, Милан 48, Аталанта 48,…