Во втората македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни натпреварите од 22-то коло.

Лидерот на табелата Вардар забележа победа во дуелот со Каменица со 3:0 и ја задржа првата позиција.

На средбата одиграна на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари, вардарци во 15 минута поведоа со голот на Дарио Денсиќ. Тој резултат беше актуелен се до самиот финиш од натпреварот.

Во завршните осим минути уште два гола во мрежата на гостите. Дарко Размоски во 84-тата беше стрелец на вториот, а Митев Роберт во судиското дополнение (90+2) го постигна третиот гол за конечни 3:0 за Вардар.

Покрај Вардар победи забележаа и останатите три екипи за највисок пласман.

Воска спорт во Виница славеше со 3:1 над Слога, а гостинска победа од 3:0 забележа Гостивар во дуелот со Беласица.

Предноста на домашниот терен ја искористи битолски Пелистер кој со 2:0 го победи составот на Детонит Плачковица.

ТАБЕЛА
1. Вардар 55 бодови
2. Воска Спорт 53
3. Гостивар 51
4. Пелистер 46 ….