Веќе пишувавме за него, а дури сега доаѓа и потврдата за тоа.

Имено, младиот кошаркар на ТФТ Моцарт, Михаил Стојанов со еден од неговите потези, е дел од ТОП 5-те најубави моменти на последниот турнир од лигашкиот дел во АБА2 конкуренцијата.

Имено Стојанов кој е роден 2004-тата година, на мечот против Борац Бања Лука, доби шанса од тренерот Боро Смилковски, а ја искористи на најдобар можен начин да се наметне и да го потврди својот потенцијал.

Еден од неговите кошеви, во споменатиот избор е на 3-тата позиција.

Очекуваме дека и во вакви и уште по атрактивни потези на Михаил ќе гледаме и во домашното првенство, во кое тренерот Смилковски би требало да му даде и поголема минутажа.