Јаник Синер е првиот полуфиналист на Мастерс турнирот во Мајами.
Италијанскиот тенисер кој е на 11-тото место на АТП листата, во четвртфиналето беше подобар од Финецот, Емил Русувори во два одиграни сета.
Мечот траеше само 76.минути а Синер го соби со 6-3 и 6-1.
Италијанецот во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз и Американецот, Тејлор Фриц кој на програмата е вечерва.
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од дуелите меѓу Русинот, Медведев и Американецот, Јубанкс кој е најпријатно изненадување на овој турнир, односно Аргентинецот, Церундоло кој ќе има тешка задача во дуелот со Карен Хачанов од Русија.
Кај дамите. Останува да ја дознаеме последната полуфиналистка која ќе биде противничка на Романката, Сорана Кирстеа која пак направи големо изненадување со елиминацијата на првата фаворитка за трофејот Арина Сабаленка.
Во првото женско полуфинале ќе играат (3) Американката, Џесика Пегула и (10) Елена Рибакина од Казахстан.