Со одигрувањето на натпреварите од претпоследното 9.коло, од Фазата 2 во прволигашката конкуренција, на коло пред крајот познати се двојките за полуфиналето во плејофот.

Во Велес, се одигра дербито меѓу Борец и Шкендија кои минатата недела играа и во полуфиналето на купот.

Овојпат по голема борба и пет одиграни сета тетовската екипа славеше победа со 3-2. Првиот сет го добија гостите со 25-21, но велешани возвратија во вториот со 25-21. Во третиот се водеше голема битка, а гостите беа поуспешни со 29-27. Борец се врати и израмни на 2:2, добивајќи го убедливо четвртиот сет со 25-13, но снемаа сили домаќините за комплетен резултатски пресврт, па Шкендија го доби решавачкиот сет со 15-8 и со конечни 3:2 му се реваншира на Борец за поразот во купот.

Со оваа победа Шкендија го потврди второто место на табелата, а со тоа и предноста на домашен терен во полуфиналето од плејофот во кој ќе игра токму против Борец.

Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат шампионот Струмица и екипата на Работнички кои денеска со максимални 3:0 ги добија дуелите со Лирија и Весна Пробиштип на гостински терен.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – Втора фаза 1 – Коло 9
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 2:3 (15-25, 25-21, 27-29, 25-13 и 8-15)
ЛИРИЈА – СТРУМИЦА НИКОБ 0:3 (13-25, 14-25 и 17-25)
ВЕСНА ПРОБИШТИП – РАБОТНИЧКИ 0:3 (10-25, 17-25 и 14-25)

ТАБЕЛА:
1. СТРУМИЦА НИКОБ 18-1,
2. ШКЕНДИЈА 16-3,
3. ГОК БОРЕЦ 14-5,
4. РАБОТНИЧКИ 10-9,
5. ЛИРИЈА 8-11,
6. ВЕСНА ПРОБИШТИП 6-17

ПОЛУФИНАЛЕПЛЕЈОФ
СТРУМИЦА НИКОБ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – ГОК БОРЕЦ