Со денешниот натпревар меѓу Патриот и Пробаскет што се игра во Делчево со почеток во 18 часот стартува разврската од разигрувањето во женскиот кошаркарски плеј оф. Вториот дуел се игра утре меѓу Шкупи и Гризли со почеток во 16 часот.

На првите натпревари победи постигнаа Пробаскет и Гризли, кои ја имаа улогата на домаќини и го искористија домашниот терен. Пробаскет победи со 73:69, додека Гризли славеше со 61:57.

Евентуални победи Патриот и Шкупи ќе значи изедначување во добиени натпревари и одигрување на „мајсторки“ во текот на викендот.