Данил Медведев е последниот осми патник во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами.
Рускиот тенисер без многу мака го Французинот, Квентин Халис во два сета. Во првиот сет францускиот тенисер кој е дури 74-ти на АТП листата приши поголем отпор па освои четири гема, но во вториот Русинот беше далеку подобар па го доби со 6-2.
Така Медведев го комплетира списокот на четвртфиналисти, а за влез во полуфиналето Русинот за противник ќе го има домашниот тенисер и најголемото изненадување на турнироит Кристофер Јубенкс кој е дури на 119-тото место на АТП ранг листата