Легендата на Динамо Загреб, Аријан Адеми пред само 10ина дена имаше емотивно простување со соиграчите, навивачите и клубот во кој помина 13 години. Буквално сите спортски медиуми во Хрватска пишуваа за посебната врска која ја имаа Динамо Загреб како клуб и нивниот капитен, Аријан Адеми.
На неговиот последен натпревар се беше во знакот на Адеми, Бед Блу Бојс, му посветија посебна кореографија, а буквално целиот тим играше за својот лидер.
Иако Адеми замина од Динамо, сепак неговиот дрес со број 5, ќе биде повлечен од употреба и никој нема да го носи се додека Адеми активно се занимава со фудбал. Единствен кој ќе може да го облече е токму Адеми, доколку реши да се врати.
Никој никогаш во историјата на клубот не добил ваква чест, а од таборот на Динамо, преку соопштение посочија дека на овој начин сакаат уште еднаш да му се заблагодарат на Аријан за се што направи за клубот.
„Ова е мал знак на благодарност што можеме да му покажеме на Аријан за сè што направи во последните 13 години. На овој начин ГНК Динамо уште еднаш реши да го истакне значењето на нашиот капитен за клубот како и значењето на Аријан Адеми за сите идни генерации кои со гордост ќе го носат грбот на Динамо на своите гради“, се вели во соопштението.
Настина голем гест на Хрватскиот тим и сосема заслужено, со оглед на се што Динамо и Адеми поминаа заедно.