Баерн Минхен пред само една недела направи чуден потег отпуштувајќи го Јулиан Нагелсман од позицијата прв тренер и покрај добрите резултати и двојната круна минатата сезона.
Во јавноста кружеа многу приказна за евентуални причини за таквиот чекор, од несогласување со играчите, до љубовна врска со спортска новинарка која известувала за клубот, а од клубот посочија дека се незадоволно од моменталната форма.
Сепак се чини најголема нелогичност е тоа што Баерн, за Нагелсман даде цело богатство, а го отпушти по само неколку лоши резултати.
Пред две сезони, челниците на Баерн го откупија договорот на Нагелсман од Хофенхајм, најголема исплатена отштета за еден тренер во Бундес лигата и му дадоа договор на пет години.
Вклучувајќи ги сите трошоци од откупувањето на договорот, платите минатата сезона и бонусите за титулите, како и отштетата за порано прекинатата соработка, Баерн ќе го чинат65 милиони евра.
За споредба, Нагелсман го водеше Баерн на само 84 натпревари, што значи во просек, го плаќале 800.000 евра по натпревар.
Нa тие 84 натпревари, забележа 60 победи, 14 пати ремизираше а неговиот тим загуби 10 пати, што прави, 71% успешност. Во неговиот краток мандат освои и Бундес лига и 2 пати Германски суперкуп, а оваа сезона е перфектен и во Лигата на Шампионите со 8/8.
Навистина чуден потег на Баварците, кои лесно може да им се удри од глава.