Не престануваат реакциите по неделното ракометно „Супер дерби“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое црвено-црните го добија со седум гола разлика.
Немилите настапи што се случија за време на натпреварот, по кој беа приведени 18 лица, и натаму се причина за реакции.
Денеска со ново соопштение се огласи навивачката група на битолчани, популарните „Чкембари“ кои овојпат реагираат на вчера објавеното соопштението на раководството на „својот“ клуб, а како што најавуваат за нив сезоната и бодрењето на РК Еурофарм Пелистер е завршена работа.
Денешната реакција на „Чкембари“ ви ја пренесуваме интергрално:
Почитувана управа и сопственици на Рк Еурофарм ПЕЛИСТЕР.
Брендот Пелистер доаѓа во пакет со Чкембари а пакетот содржи се она што е добро и лошо. Пелистер на насловни страни се појавувал поради Чкембари, многу пати повеќе од било кој играч кој донел радост на клубот. После секој натпревар во Битола странците ја величат атмосферата во сала ви делат комплименти за истата, Пелистер надалеку е познат баш поради таа специфика која многу малку ракометни клубови ја имаат во Европа.
Пред да не осудевте 40/50 пијани или нешто друго будали, требаше да не контактирате нас, да прашате дечки шо се случи. Не, вие за нас завчера бевте недостапни, нејсе не ви се налутивме, иако 22-ца браќа оставивме на милост и немилост во Скопје без можност да им помогнеме бидејќи бевме 2 часа по завршеток на натпреварот буквално тормозени од специјалните единици. Драга управо, завчера од истото место трет пат можеби и од истите луѓе бевме нападнати. Кога би го имале тоа малку во вас што ние го имаме во нас за овој клуб но и против завчерашниот ривал, во ниеден момент не би се посомневале во реакцијата која ја видовте завчера. Да имаше реакција од нас, можеби и прекумерена, но тоа не би требало да ви даде за право да се оградите од тие кои секој ден врват часови размислувајќи и фантазирајќи за клубот кој го водите. За информација, комити 50-тина слегоа на терен не нападнаа нас со фрлање на шишиња ви украдоја дел од клупската опрема но ни вардар се огради од нив ни па имаа некој уапсен. Епилогот од завчера е 22 уапсени Чкембари и ниеден комита. Господо, резултатските неуспеси, не ги префрлајте на нас. Завчера бевме ние да дадеме елан да даеме снага да појачаме адреналин кај нашите играчи, а добивме побледени аматери. Чкембари не ве чинат годишно ни 1/5 од една месечна плата на скапоплатените ѕвезди кои имаат придонес во клубот рамен на нула. Ние постоиме за вас, а Пелистер е сеуште клуб поради нас. Едно сме, вакви грешки во иднина не смеат да се повторат!
ОВАА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ЗА ЧКЕМБАРИ Е ЗАВРШЕНА.