Женската ракометна репрезентација на Македонија во рамки на „ЕХФ недела“ која започнува од 03 април, ќе ги одигра натпревари против репрезентацијата на Украина во европските квалификации за пласман на Европскиот шампионат што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска во период од 29 Ноември до 17 Декември 2023 година.
Селекторот Љубомир Савевски денес го објави поширокиот список на кој се нјдоа 35 ракометарки, од кои 12 се интернационалки.
На 2023 Women’s World Championship покрај домаќините, учество на првенството обезбедија од Европа репрезентациите на Франција, Црна Гора и Холандија, од Африка репрезентациите на Ангола, Камерун, Конго и Сенегал, од Јужна Амерка репрезентациите на Аргентина, Бразил, Чиле и Парагвај, и од Азија репрезентациите на Кина, Иран, Јапонија, Казахстан и Јужна Кореја.
Сениорките натпреварите ќе ги одиграат на 8 Април во Скопје, во СЦ “Борис Трајковски” (почеток 19 часот), а три дена подоцна (11 април од 17 часот), ќе го играат реванш натпреварот и тоа во Кисварда, Унгарија.