Кошаркарките на Пробаскет ја постигнаа првата победа во баражот за разигрување за влез во плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Патриот од Дечлево со 73:69. Со овој триумф екипата од Кавадарци поведе со 1-0 во добиени натпревари во серијата до две победи.
Инаку, самиот дуел имаше неизвесна завршница и гостинската екипа водеше на две минути пред крајот со 68:66, но во клучните моменти не го зачуваа водството.
Вториот дуел се игра в среда во Делчево, а евентуалната мајсторка во текот на следниот викенд повторно во Кавадарци.
Во вториот бараж дуел утре од 12 часот играат Гризли и Шкупи, во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.