Викендот исполнет со дерби ракометни возбудувања, на домашната сцена, започнува попладнево со по еден натпревар во машката и женската конкуренција.

Како увертира на утрешното „супер дерби“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, денеска ќе се одиграат интересен меч и во Автокоманда, каде трето пласираниот Алкалоид го пречекува Бутел Скопје.

Овој натпревар што започнува од 18 часот може да го следите ВО ЖИВО овде.

Во женската Супер лига односно 2.коло од плејофот, дербито е во салата Христо Батанџиев, каде актуелниот шампион екипата на Ѓорче Петров го пречекува четврто рангираниот состав на табелата Вардар.

Оваа средба започнува од 19 часот и може да ја гледате ВО ЖИВО овде