Ако во претходното коло домаќините беа они кои доминираа, сега во 19-тата рунда од Првата машка кошаркарска лига, гостите се тие кои се радуваа на победи.
Во дуелот на двете последно пласирани екипи на табелата, Академија ФМП како гостин славеше над Струмица во првиот денешен натпревар.
Следуваше триумфот на ТФТ Моцарт во „Јане Сандански“ на Феникс, додека Работнички „се прошета“ до Куманово и се врати победа изразена со 28 разлика.
Последниот меч од денешната програма се одигра во Чаир каде истоимената екипа загуби од Гостивар.
Со денешните резултати, без разлика на останатите два дуели од оваа рунда, а на три кола до крајот, веќе се познати осумте екипи што ќе играат во плејофот, односно четирите што ќе се борат за опстанок.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
САБОТА
СТРУМИЦА –АКАДЕМИЈА ФМП 94-99
ФЕНИКС –ТФТ 66-76
КУМАНОВО –РАБОТНИЧКИ 54-82
ЧАИР –ГОСТИВАР 93-97
НЕДЕЛА
КОЖУВ –ПЕЛИСТЕР 19.00 ч.
ВТОРНИК
ЕУРО НИКЕЛ –МЗТ СКОПЈЕ А. 19.00 ч.
Плејоф: МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, ТФТ Моцарт, Феникс, Гостивар, Работнички и Кожув.
Плеаут: Академија ФМП, Чаир, Куманово и Струмица.