Во Првата машка кошаркарска лига денеска со четири натпревар започнува 19-тата рунда.

До крајот на регуларниот дел екипите треба да одиграат уште по четири средби, но уште во оваа рунда може да биде разрешена дилемата која ќе биде последната осма екипа која ќе разигрува во пелјофот.

Седум тима се веќе познати: МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер,  ТФТ, Гостивар, Феникс и Работнички, а со најголеми шанси да им се приклучи е гевгелиски Кожув кој има четири победи повеќе од Чаир и Куманово, па само чудо може да ги исфрли гевгеличани од разигрувањето

КОШАРКА ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
САБОТА
СТРУМИЦА – АКАДЕМИЈА ФМП 17.30 ч.
ФЕНИКС – ТФТ 20.00 ч.
КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 20.30 ч.
ЧАИР – ГОСТИВАР 21.00 ч.
НЕДЕЛА
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР 19.00 ч.
ВТОРНИК
ЕУРО НИКЕЛ – МЗТ СКОПЈЕ А. 19.00 ч.