Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го игра сигурно најважниот натпревар сезонава во АБА лигата.
Аеродромци гостуваат во Чачак кај Борац тим кој е директен конкурент на МЗТ за опстанок во лигата, и кој има само една победа повеќе од сино-белите.
Сино-белите досега немаат остварено победа на гостински терен, иако во неколку наврати беа блиску до тоа, па сега ќе мораат да изнајдат сили конечно да се израдуваат на триумф на гости. Воедно во мечот со Борац ќе мораат да слават и со повеќе од осум поени разлика, повеќе од она што славеше српскиот тим во „Јане Сандански“.
„Време да одиграме најдобро што знаеме. Тренираме добро, енергијата е тука, а мотивацијата е до небо со оглед на важноста на натпреварот. Мора да веруваме во себе и да не размислуваме на противникот. Ако одиграме според планираното имаме сериозни шанси од Чачак да се вратиме со насмевки на лицата“,
вели центарот на аеродромци Абу Малик
Затоа со право и тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ овој дуел ќе го нарече „да се биде или не“.
Натпреварот од 23.коло меѓу Борац и МЗТ Скопје Аеродром кој на програмата е вечерва ќе започне во терминот од 19 часот.