Откако вчера Струмица Никоб и ГОК Борец изборија пласман во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија, денеска ќе ги дознаеме и двете екипи, во женска конкуренција, кои ќе се борат за трофејот.

Уште во првиот меч не очекува супер интересен дуел, во кој ќе се судрат Работнички Скопје и Јанта волеј, двете екипи кои минатата година во Кавадарци играа за трофејот во ова натпреварување, а до него стигаа одбојкарките на Работнички.

Тие ќе ја имаат и улогата на фаворит, но судејќи по досега одиграните натпревари во тековната сезона, кои донесоа интересен одбојка, и попладнево не очекува неизвесен меч. Последната пресметка на овие две екипи беше пред четири дена, кога Работнички славеше со 3-1 во сетови.

Како ќе биде денеска останува да видиме, по мечот што ќе започне во терминот од 17:30 часот, додека вториот полуфинален натпревар, во кој ќе играат Наковски волеј и Вардар на програмата е од 20 часот.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПЕТОК ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (17.30)
ВАРДАР ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (20.00)

САБОТА
ФИНАЛЕ МАЖИ СТРУМИЦА НИКОБ – ГОК БОРЕЦ (13.00 часот)
ФИНАЛЕ ЖЕНИ _______________ – ___________ (16.00 часот)