Со двата полуфинални натпревари во машка конкуренција, попладнево во салата „25-ти Мај“ во Радовиш, стартува завршниот турнир на ракометниот Куп на Македонија.

Програмата ќе ка отворат актуелниот шампон и броител на трофејот во ова натпреварување Струмица Никоб и екипата на Универзитет во Тетово, со мечот што ќе се игра во терминот од 17.30 часот.

Во вечерниот термин екипата на Шкендија ќе ја има улогата на фаворит во мечот против ГОК Борец. Почетокот на овој натпревар ќе е закажан од 20 часот.

Победниците од овие натпревари во сабота ќе играат во финалниот меч чиј почеток е во 13 часот, додека по него ќе следи женското финале (16 часот), за кое утре (петок) ќе се борат актуелниот куп победник од лани и лидер на првенствената табела Работнички Скопје и екипата на Јанта Волеј. Потсетување дела овие два тима само пред три дена играа во првенствен дуел, кој го добија одбојкарките на Работнички си 3-1, но претходно Јанта волеј славеше на гостински терен во пет одиграни сета.

Впрочем сите годинашни дуели на овие две екипи носат неизвесна и интересна одбојка, па се очекува така да биде и во утрешниот меч што ќе започне до 17.30 часот, додека во второто женско полуфинале ќе играат Наковски волеј и Вардар од 20 часот.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА
ЧЕТВРТОК
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
СТРУМИЦА НИКОБ – УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО (17.30 часот)
ГОК БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА (20.00)

ПЕТОК
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (17.30)
ВАРДАР ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (20.00)

САБОТА
ФИНАЛЕ МАЖИ (13.00)
ФИНАЛЕ ЖЕНИ (16.00)