НЕКА БЛЕСНЕ ВО ПОЛН СЈАЈ ЗА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА

Националната арена „Тодор Проевски“ вечерва се очекува да блесне во полн сјај. Се е подготвено за новиот настап на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. 

„Црвено-жолтите“ во ново „руво“ (нови дресови), ќе ги го започне новиот циклус квалификации, овој за Европското првенство што ќе се одржи догодина (2024) во Германија. 

Сигурно противникот Малта, не е репрезентација која привлекува големо внимание, како што тоа ќе биде случај при гостувањата на Англија, Италија, па и Украина, но оваа македонската селекција на фудбалери голема заслужува поддршка од трибините. 

Атмосферата меѓу играчите е на највисоко ниви и сите размислуваат само за победа

Останува уште трибините на „Тодор Проевски“ да бидат исполнети и со беспрекорно бодрење да им дадеме поддршка на нашите фудбалери. 

Вратите се отворени, а оние кои досега не обезбедиле влезници за овој меч, тоа може да го сторат на следниот начин (види овде)

Нека блесне арената и да се радуваме на победа на Македонија.