Екипата на Струмица Никоб е првиот финалист во одбојкарскиот Купот на Македонија.

На завршниот турнир што се игра во Радовиш, актуелниот шампион и бранител на куп трофејот Струмица Никоб во првиот полуфинален меч славеше убедлива победа на Универзитет во Тетово со максимални 3-0.

Освен третиот сет во кој тетовци пружија поголем отпор и освоија 23 поени, првите два минаа во доминација на струмичката екипа, кој ги доби со 25-19 и 25-11.

Така Струмица по деветти пат во клупската историја се избори за финале во купот, во кое за противник ќе го има подобриот од вечерашниот дуел меѓу ГОК Борец и Шкендија што ќе започне од 20 часот.

Утре, дамите ќе ги одиграат своите полуфинални натпревари, а финалните на програмата се во недела.