Екипите на Њујорк и Минесота го одиграа најефикасниот натпревар во синоќешната програма на НБА лигата.
Дуелот заврши со победа на гостите со 134-140.
Двајца играчи го одбележаа овој меч. Мај домаќините Рендл постигна рекордот за него 57 поени реализирајќи осум тројки, колку што а спротивната страна погоди Принс но без промашување, а средбата ја заврши со 35 поени.
А, најнеизвесниот меч се одигра во Филаделфија каде Чикаго ја прекина победничката серија од осум натпревари во низа на „76-ките“. „Булси“ славеа по две продолженија со 109-105.
Иако најдобриот играч на Филаделфија, Ембид повторно имаше дабл-дабл остварување, сепак поради шест лични грешки Ембид уште на стартот на второто продолжение предвреме го заврши мечот, па без него „76-ките’ не можеа да ги сопрат Лавин кој постигна 26 и Дерозан кој средбата ја заврши со поен помалку (25).
Така Филаделфија ќе мора да почека до задутре да го потврди својот пласман во плејофот и тоа во мечот повторно против истиот противник Чикаго, но овој пат на гостински терен.
Шампионот Голден Стеј конечно победи. По трите врзани порази „воините“ предводени од Стеф Кари со 30 и Клај Томсон со 29 поени славеа на гостувањето во Хјустон со 121-108.