Одбојкарките на Работнички Скопје го добија дерби дуелот против Јанта волеј од 5-тото коло во домашното првенство.

Речиси два часа траеше мечот во Кисела Вода во кој првиот речиси половина час, а кој му пропадна на шампионот по голема борба со 25-23.

И вториот нешто по краток временски го добија гостинките со 25-20, но затоа третиот донесе голема „драма“.

Во него, Јанта волеј имаше четири поени предност 9-5, по што следуваше серија на Работнички од 7-0 за водство 12-9. Но, домаќинките не се предадоа, па повторно ја презедоа контрола над резултатот и поведоа со +3 (19-16). Но, и овде не завршија возбудувањата. На ред дојдоа седумте поени во низа на Работнички за нов пресврт и водство на шампионот 23-19. Кога сите очекуваа крај на сетот и мечот, домаќинките не мислеа така па со 26-24 го добија сетот и намалија на 1-2.

Во четвртиот сет шампионките го покажаа својот квалитет и релативно лесно со 25-17 го речија во своја полза за конечни 3:1 во сетови.

Со оваа победа Работнички го осигура првото место на табелата, па во полуфиналето ќе игра со четврто рангираниот тим на Фит Фан волеј кој во оваа рунда загуби на гостувањето кај Наковски волеј со 3-0, тим кој сега е второ рангиран.

Сепак останува во последното коло во кое Работнички игра со Наковски волеј, а Јанта волеј со Фит Фан волеј, да реши кој тим ќе ја има предноста на домашниот терен во плејофот.

ТАБЕЛА: РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 16-3, НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 15-4, ЈАНТА ВОЛЕЈ 14-5 и ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 7-12

Вечерашниот меч практично беше и загревање на борбата за првиот трофеј сезонава, односно за завршницата во Купот на Македонија закажана за во петок во Радовиш, на кој Јанта волеј и Работнички ќе играат во полуфиналето, во кое пак Наковски волеј за противник ќе го има тимот на Вардар жени.