Фудбалерите на Манчестер Јунајтед изборија пласман во полуфиналето на ФА купот откако попладнево го победија Фулам во четвртфиналето со 3:1 (0:0). Во слаедната рунда Манчестер Јунајтед на Вембли во Лондон на 22.април ќе игра против премиерлигашот Брајтон. Ждрепката за полуфиналето беше извршена на полувремето од дуелот М.Ј. – Фулам.
Головите на „Олд Трафорд“ беа постигнати во вториот дел. Најпрвин гостите поведоа со голот на Александар Митровиќ во 50.та минута. По една контра на „црвените ѓаволи“ Вилиан во обид да го одбрани голот на гол линијата играше со рака. Судијата Каванаг по прегледување на ВАР ситуацијата, покажа на белата точка за Манчестер Јунајтед. Потоа почнаа протестите на гостинската екипа. Најпрвин црвен картон доби менаџерот Марко Силва, потоа Вилиан за играњето со рака на гол линијата, а поради приговорите и Митровиќ.
Сигурен реализиатор на пеналот беше Бруно Фернандез во 75.минута, а две минути подоцна Марсел Сабицер ги постави конечните 3:1. Фернандез го постигна и последниот гол во 90+6 минута.
Инаку, Манчестер Јунајтед сите натпревари до полуфиналето ги одигра на домашен терен и сите ги доби со резултатот од 3:1 (Евертон, Ридинг, Вест Хем и Фулам).