Кошаркарот на белградски Партизан „тепачот“ Матијас Лесор не мина неказнет за инцидентот што го предизвика на самиот крај од дерби дуелот во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Лесор кој физички го нападна кошаркарот на црвено-белите Филип Петрушев е казнет со суспензија од три натпревари, а ќе треба да плати и парична казна од 10.000 евра.
Лесор нема да игра за партизан на натпреварите што следуваат против Цедевита Олимпија, ФМП и Игокеа, но ќе му биде на располагање на Жељко Обрадовиќ за последните две средби од регуларниот дел на натпреварувањето, како и во плејофот, се разбира, доколку не направи нова глупост.