Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во полуфиналето на фјучрсот во Поитие, Франција (награден фонд 15.000 долари) откако попладнево по два сета игра го победи домашниот тенисер Тристан Ламасине со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1). Утре во полуфиналето Ивановски ќе игра против вториот носител Саша Жуимар Ваенбург од Франција (459.место на АТП листа), кој во четвртфиналето денеска загуби само еден гем во мечот со петтиот носител Симон Бипен од Белгија.
Првиот сет мина во изедначена игра и ниту еден тенисер немаше брејк до дестиот гем и резултатот 5:5. Тогаш Калин Ивановски успеа да го одземе гемот на противникот и потоа откако го доби следниот гем го доби и сетот и поведе со 1-0. Следниот сет имаше сосема поинаков тек. По 1:1 во гемови македонскиот тенисер направи серија од пет гема и го доби сетот и со тоа и мечот.
Ивановски искиристи 4 / 5-те брејк топки, додека Ламасине имаше само една брејк топка и не ја искористи. Во вкупниот број поени Ивановски освои 65, а противникот 46.
Ивановски на турнирот е рангиран како трет носител, а е рангиран на 477.место.