Спортинг Лисабон е последниот, осми патник во Лигата на Европа. По голема борба 120-минути игра и изведување на пенали португалскиот тим го доби реванш осминафиналниот дуел со Арсенал и се пласираа во четврт финалето од Европа Лигата.

Откако во Лисабон одигра 2-2, и во Лондон на „Емиратите“ немаше победник, а по 120-минути резултатот гласеше 1-1 по што се изведуваа пенали.

А, до нив прво се стигна со головите на Џака во 19-минута асистиран од бразилскиот талент Мартинели, како и евро голот на Педро Гонкалвес кој од пола терен го матираше Рамсдејл и го израмни резултатот на 1-1.

До крајот на регуларниот дел, но и по продолженијата немаше промени, па се изведуваа пенали.

А, во пенал „рулетот“ повеќе нерви и среќа имаа гостите кои реализираа пет наспроти четирите на домаќине, па со 5-3 ја добија серијата, во која трагичар беше младиот Мартинели чиј удар го одбрани гостинскиот голман, за Сантош да погоди и да го одведе Спортинг меѓу осумте најдобри.