Алваро Мората е јунакот на Атлетико во мечот со Џирона кој тимот од Мадрид го доби во последните мигови од мечот.
На последниот натпревар од 25-тото коло на шпанската Ла Лига, Атлетико до победата стигна во четвртата минута од судиското дополнение во кое Мората најдобро се снајде во шеснаесетникот на домашниот тим, а по прегледувањето на ВАР снимката, голот пеше потврден.
Со оваа победа и новите освоени три бода, а вкупно Атлетико повторно е трето пласиран со три бода повеќе во однос на Сосиедад кој е на четвртото место.