Поговорката ,,На мака се познаваат јунаците” како да е пишувана за ФК Вардар. Клубот тоне во долгови, проблеми, неизвесност но играчите и стручниот штаб со крајни напори се борат да го вратат тимот во првата лига, таму каде што всушност и припаѓа.
По големата победа над Караорман со која Вардар се врати на целната позиција на табелата во втората Македонска Лига, играчите и стручниот штаб истата ја прославија со песна во соблекувалната.
Од видеото кое го објави капитенот, Филип Гачевски се слуша песната ,,Бисер Балкански” во изведба на целиот тим.
Токму голманот Гачевски е во улога на прв вокал, а останатите го следат неговиот ритам.
Вардарци ги чека тешка борба до самиот крај, а ваквата атмосфера е доказ дека овие играчи се спремни на мака да се покажат како јунаци.