Екипата на ТФТ Моцарт со пораз , ја заври својата дебитантска сезона во АБА2 лигата.
Тимот ос скопската населба Тафталиџе, попладнево го одигра својот последен меч во оваа конкуренција, во која беше совладан од ТОП фаворитот Хелиос Санс, најголемиот конкурент за пласман во прволигашката конкуренција, кој ќе биде и домаќин на завршниот „фајнал-ејт“ турнир.
Хелиос славеше со конечни 93-61 и со „скор“ од 12 победи и само еден пораз убедливо го освојува првото место во групната фаза.
ТФТ пак сезоната ја завршува со 3 победи и 10 порази, но може да жали што на своето конто не впиша барем уште два-три триумфи.
Сега на избраниците на тренерот Боро Смилковски им преостанува да се насочат кон обврските во домашното првенство преку кое, како што најави Смилковски, ќе се обидат пак и следната сезона да играат во АБА конкуренцијата.
Попладнево (од 15 часот) и вториот македонски претставник битолски Пелистер ќе го одигра последниот натпревар, а противник е екипата на Подгорица.
Победа над црногорскиот тим ќе го искачи Пелистер и позиција погоре на табелата, што пак условно би им донела и последен противник во разигрувањето, односно четвртфиналето.