Македонските претставници во АБА 2 лигата, ТФТ Моцарт и Пелистер го завршија својот настап на последниот турнир од групната фаза што се одигра во Широки Бријег.
Екипата на ТФТ Моцарт својот последен меч од дебитантската сезона ќе го игра точно напладне (12 часот), а противник ќе и биде најдобрата екипа во оваа конкуренција Хелиос Санс, тим кој ќе биде и домаќин на завршниот „фајнал-ејт“ турнир.
Иако ТФТ веќе ги загуби шансите плејофот, сепак за тренерот Боро Смилковски ова ќе биде добра можност да им даде пред се поголема минутажа на помладите, како би стекнале поголемо искуство од вакви натпревари, што ќе биде драгоцено, пред се за продолжението на обврските во домашното првенство.
Битолски Пелистер пак ја кој веќе го обезбеди учеството во плејофот, ќе се обиде со нова победа да потврди дека не случајно е меѓу осумте најдобри. Марјан Илиевски и неговите избраници ќе играат против Подгорица во мечот од 15 часот.
Победа над црногорскиот претставник ќе го искачи Пелистер и позиција погоре на табелата, што пак условно би им донела и последен противник во разигрувањето, односно четвртфиналето.