Како дел од подготовките за настапот на Светското кадетско првенство што ќе се одржи претстојново лето, машката кадетска селекција на Македонија, викендов со два контролни натпревари против врсниците од Романија.
Во првиот одигран денеска во салата Автокоманда, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ забележаа минимална победа со еден гол разлика.
Откако првиот дел го одиграа многу подобро за што говори и резултатот 19-15 на паузата, во вториот дел, особено во финишот на противникот му дозволија на направи серија и од -3, да дојде до само еден гол негатива 31-31.
Александар Петковски со 9 гола беше најефикасниот играч кај црвено-жолтите, за кои Валентин Карасманакис постигна 6, Мирче Калајџиоски придодаде 5 голови.
Следната контрола на програмата утре, повторно во Автокоманда точно напладне во 12 часот.