Во одбојкарскиот шампионат на Македонија, во машка конкуренција, на програмата се натпреварите од 7-то коло во Втората фаза-1, односно конкуренцијата за шампионскиот трофеј.
Оваа рунда ни носи два дерби дуели.
Во првиот што ќе се игра попладнево, екипите на Лирија и Работнички во директен дуел решаваат за четвртата позиција на табелата, а со тоа и пласман во разигрувањето односно плејофот.
Второто големо дерби е во понеделник кога ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата, меч во кој второ пласираната Шкендија ќе го пречека лидерот на табелата составот на Струмица Никоб.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (7.коло)
Лирија – Работнички 47&22 (сабота, 19.30)
ГОК Борец – Весна Пробиштип (сабота, 19.00)
Шкендија – Струмица Никоб (понеделник, 19.30, МРТ-3)
TАБЕЛА:
1. Струмица Никоб 15-1,
2. Шкендија 14-2,
3. ГОК Борец 13-3,
4. Работнички 8-8,
5. Лирија 7-9,
6. Весна Пробиштип 6-10.