Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром утре во Белград и гостува на екипата на Мега во натпревар од 21-то коло на АБА лигата.
Аеродромци ќе играат против најмладата екипа во оваа конкуренција, но тим кој има исклучителен квалитет, и не случајно е 7-то место на табелата.
За МЗТ ова е важен меч во борбата за опстанок, па затоа тренерот Николиќ очекува неизвесен дуел до самиот крај.
„Против себе ќе ја имаме најмладата и сигурно најталентирана екипа во Адмирал бет АБА лигата. Добро е познато колку голем фан сум на системот на Мега МИС, која од година во година игра со се помлад тим, но и покрај тоа постигнува одлични резултати. Од сезонава на клупата е Марко Бараќ, кој продолжи со одличната работа на своите претходници, со што верувам не само што ќе обезбеди опстанок туку и ќе биде дел од плејофот. МЗТ Скопје, пак, во Белград патува со одлично расположение, што се должи на добрата форма во моментов. Ќе дадеме се од себе да го подобриме впечатокот од претходните гостуваа во овој град. Очекувам квалитетен и до крај неизвесен меч во кој двата тима ќе се борат до последниот атом енергија“, вели тренерто на аеродромци Драган Николиќ.
Утрешниот натпревар меѓу Мега и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра точно напладне во терминот од 12 часот.