Кошаркарките на Бадел беа подобри од Вардар во дерби дуелот од 13-коло на Првата женската лига.
На средбата одиграна попладнево со во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, а во рамките од А групата, екипата на Бадел славеше со 76-68.
Со оваа победа Баделки сега имаат 22 бодови како лидерот на табелата Баскет Кам но тимот од Македонска Каменица, утре ќе го игра второто дерби од оваа рунда.
Тоа практично ќе биде реприза финалето од годинашното издание на Купот, во кое Баскет Кам беше поразен од МЗТ Скопје Аеродроми кој стигна до првиот свој клупски трофеј.
На останатите два натпревари од оваа конкуренција одиграни попладнево, предноста на домашниот терен ја искористија кошаркарките на Пробаскет, додека гостинска победа славеше екипата на Крива Паланка која сега изби на третото место на табелата, пред Вардар.
А ГРУПА 13 КОЛО
Бадел – Вардар 76-68
Пробаскет – Гризли 67-65
Струга – Крива Паланка 64-71
Баскет Кам – МЗТ Скопје Аеродром (недела до 14 часот)