Во Втората македонска фудбалска лига, попладнево беа одиграни натпреварите од 19-тото коло.

Откако пред две седмици Владимир Жоглев му донесе победа на Вардар на гостувањето кај Охрид со гол во 93-минута, истиот фудбалер денеска беше стрелец на два гола за црвено-црните кои славеа победа на гостувањето во Велес кај Борец со 3-0, стрелец на третиот беше Јусуфи.

Со овој триумф Вардарци остануваат во трка за првата позиција на табелата, заедно со Воска спорт која денеска победи на гостински терен кај Беса со 1-0, па сега двата тима имаат по 46 бодови, а два бода повеќе од Гостивар (44) кој во дербито со Пелистер на домашен терен одигра без победник 1-1.

Битолчани се четврто рангирани со 40 освоени бодови досега.