На трите натпревари од 21.коло од Првата Македонска фудбалска лига три различни резултати: домашна победа за Македонија Ѓорче Петров, гостински триумф на Силекс во Прилеп и нерешено во Штип.
Македонија ЃП ги казни грешките на противникот Тиквеш и ја постигна првата победа во пролетниот дел од сезоната. Голем триумф за Силекс во Прилеп. Гостите од Кратово поведоа со 1:0, потоа Победа изедначи на 1:1, а кратовчани постигнаа три гола и им се реваншираа на прилепчани за поразот во Кратово (0:3). Со овој триумф Силекс се изедначи бодовно со Шкендија, откако во Штип Брегалница и Шкендија одиграа без победник 0:0.
Резултати на денеска одиграните натпревари: Македонија ЃП – Тиквеш 3:0, Победа – Силекс 1:4 и Брегалница – Шкендија 0:0.
На вчера одиграните натпревари: Шкупи – Академија Пандев 3:3 и Работнички – Скопје 4:0. Ова коло слободна беше екипата на Струга Трим Лум.
Табела: Струга 39 бодови, Шкупи 38, Шкендија 32, Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Работнички 24, Академија Пандев 16, Победа 13, Скопје 13.