Андреј Магдевски одигра фантастичен натпревар за својот тим Донар Гронинген во БНХТ лига.
Македонскиот репрезентативен плејмејкер, беше прв стрелец во својата екипа, завршувајќи го натпреварот со 15 поени, 7 асистенции и по 2 скока и украдени топки.
Ова е најдобрата поентерска партија на Андреј во својот нов клуб за кој досега има одиграно 9 натпревари во кои има просек од 7.9 поени, 4.3 асистенции и 3,6 скокови.
Сепак тоа не беше доволно тимот на Донар Гронинген да избегне пораз во дуелот со едена од најдобрите екипи Антверп Џајантс.
Во следното коло Донар Гронинген го пречекува Лимбург.