Тандемот ПСЖ, Килијан Мбапе и Лионел Меси е вистинска „гол машина“. Двајцата речиси сами го добија Олимпик Марсеј во дербито од 25.коло на француската Лига 1.
На средбата одиграна на „Велодром“ во Марсеј, Меси и Мбапе ги постигнаа трите гола, протоа асистирајќи си еден на друг.
А, се започна во 25-минута кога по акцијата на Меси, Мбапе го постигна првиот гол.
Само четири минути подоцна (29), Французинот беше оној што асистираше, а Аргентинецот беше егзекутор.
По само десет минути игра во вториот дел (55), Меси на неверојатен начин го проигра Мбапе, кој пак на уште поубав по втор пат се впиша во листата на стрелците за водство на ПСЖ од 3-0.
Со оваа победа „Светците“ сега имаат убедливи 8 бодови повеќе од второ пласираниот Олимпик Марсеј, додека Монако кој денеска направи „кикс“ и загуби од Ница и тоа на домашен терен, заостанува 10 бодови зад парижаните.